ул. Јаким Стојковски бр.1, 2210 Пробиштип +389 32 483 131 info@probistip.gov.mk www.probistip.gov.mk

Адвокат Катерина Макреска Петковска

Профил:
Адвокат Катерина Макреска Петковска започна со работа во Пробиштип во јуни 2013 г. Локацијата на канцеларијата (подрчје на Основните судови во Штип, Кочани, Кратово и останатите судови во источна Македонија) нуди решение за преголемите патни и други трошоци кои би можеле да настанат со ангажирање на адвокати или адвокатски друштва надвор од регионот а истовремено ви нуди и квалитетна и врвна услуга.
Канцеларијата располага со нови и модерни простории кои овозможуваат клиентите да се чуствуваат пријатно и нуди современи методи и техники за работа.
Канцеларијата нуди соработка со клиентите на македонски и англиски јазик, а по потреба обезбедува судски преводи и превод на други јазици кои по барање би вршеле и симултан превод на состаноци.
Исто така покрај преводите, нуди и заштита на правата од индустриска сопственост (трговска марка, патент, индустриски дизајн).
Работното искуство адвокатот го има стекнато во две од најреномираните адвокатски друштва во Скопје, низ работата за големи компании како Стопанска банка, ОНЕ Телекомуникациски услуги, Охридска Банка, Индоминерали и метали, Инвалл Македонија и други во правните работи за наплата на побарувања, спорови во работните односи, регистрации и промени во трговски друштва и останати правни работи.
Застапува домашни и странски физички и правни лица пред судовите и другите органи во Р. Македонија, давајќи максимална професионална заштита на правата и интересите на клиентите во секој конкретен склучај. Посветенa во обезбедувањето на високо квалитетни и сеопфатни правни услуги, застапува поголем број на предмети од областа на трговските друштва како и во сите постапки пред Централниот регистар на РМ.
Била учесник на семинари за Основни адвокатски вештини за новиот Закон за кривична постапка во периодот од 04.05.2012-06.05.2012 година организиран од Американска адвокатска комора (ABA ROLI) и Адвокатска комора на Република Македонија, Семинар на тема Практична примена на спогодувањето на вина во Република Македонија, алатка за навремена и ефикасна примена на новиот Закон за кривична постапка, одржан од 26-28 Јуни, 2012 година, организиран од Академијата за судии и јавни обвинители и Американска адвокатска комора (ABA ROLI), Актуелни прашања од областа на заштитата на правата од интелектуална сопственост организиран од International Development Law Organization – IDLO Italy, Cakmakova Advokates, Улогата на интелектуалната сопственост во здравствените системи во склоп на 3 Конференција за интелектуална сопственост во Фармацевтската индустрија, Меѓународна програма во полето на форензиката организиран од Американска адвокатска комора (ABA ROLI) и Адвокатска комора на Република Македонија, Обука на тема притвор организиран од Американска адвокатска комора (ABA ROLI) и Адвокатска комора на Република Македонија, Постапување по предмети од областа на јавната корупција во организација на Адвокатската комора на РМ, Американска амбасада и Академија за судии и јавни обвинители.

Видови на услуги:
– Заштита на правата од индустриска сопственост
– Судски преводи
– Наплата на побарувања по основ на долг, регрес, премија и сл. спрема физички и правни лица
– Трговски друштва – основање, промени во друштвата,организирање подружници, прокура, спојување, поделба и присоединување на друштва, ликвидации и стечај, организирање на годишни собранија како и сите видови услуги потребни за трговските друштва,
– Наплата на побарувања од странска фирма
– Состав на тужби, жалби, поднесоци и застапување пред сите судови во РМ во сите видови спорови
– Поднесување на кривични пријави и одбрана во кривични предмети
– Состав на правни мислења
– Due diligence
– Склучување на договори за купопродажба, лиценца, дистрибуција, франшиза, know-how, лизинг, факторинг и останати договори
– Работни односи, состав на договори за работен однос и менаџерски договори
– Работни дозволи и привремен престој за странци
– Управни спорови
– Имотно-правни спорови
– Анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на клиентите и нивните трансакции
– Семејно и наследно право
– Останати правни услуги

Останати информации / Other Information

Дејност:  Судски и правосудски дејности
Основана:  2013

Contact

  • Јаким Стојковски бр. 7а, 2210 Пробиштип
  • 032 480 333
  • katerina@kmp.mk
  • www.kmp.mk

Opening hours

  • Monday:
    08:00 - 16:00
  • Tuesday:
    08:00 - 16:00
  • Wednesday:
    08:00 - 16:00
  • Thurstday:
    08:00 - 16:00
  • Friday:
    08:00 - 16:00
  • Saturday:
  • Sunday:

Comments

Comments are not allowed